ТРОЈЦА ЧЛЕНОВИ НА „ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ“ СО УСПЕХ НАСТАПИЈА НА НАЦИОНАЛНОТО ТРИАТЛОН ПРВЕНСТВО ВО ДОЈРАН

WEB Телевизија во живо

Вчера и денес, 10 и 11 јуни, во Дојран се одржа Национално триатлон првенство Дојран 2023, во пливање, возење велосипед и трчање, на кој учество зедоа осумдесет натпреварувачи во категориите Сениори, Јуниори, Мастерс, Кадети, Деца 1 и Деца 2. Гевгелија на ова првенство имаше тројца натпреварувачи, членови на „Гевгелија точак клуб“.

 Дарко Прошев и Коста Гелебешев се натпреваруваа во Мастерс категориите, Гелебешев беше трет во Мастерс 2 во својата категорија а осми во генерален пласман, додека Прошев исто така го освои третото место во Мастерс 3, во својата категорија, а беше единаесетти во генералниот пласман. Даниел Анчев се натпреваруваше во категоријата Сениори и го освои петтото место.

 Организаторите, Триатлон федерацијата на Македонија и Општина Дојран, како и Агенцијата за млади и спорт, и Македонскиот Олимписки комитет на Македонија, не го криеа своето задоволство што и двата дена гледачите присуствуваа на возбудливи и одлични трки.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *