ТОДОР АНЧЕВ ВТОР НА 7-ТА ТРКА „ПО ПАТЕКИТЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ“ ВО ГРЦИЈА, НА КОЈА УЧЕСТВУВАА 9 АТЛЕТИЧАРИ ОД АК „7-МИ НОЕМВРИ“

WEB Телевизија во живо

Атлетичарот на АК „7-ми Ноември“, Тодор Анчев го освои второто место на 10 километри на седмата по ред традиционална трка „По патеката на апостол Павле“ . На оваа трка, која се одржа во саботата, на 17 јуни, учествуваа деветмина атлетичари на гевгелискиот клуб „7-ми Ноември“, Тодор Анчев, Дарко Прошевски, Бојан Петровски, Живко Петков, Игор Коцевски, Томе Каркалашев, Драган Ристов, Никола Нанчев и Мијалче Андоновски.
„По патеката на апостол Павле“ е трка во организација на Светата митрополија Китро, Катерини и Платамона, општина Пидна-Колиндро и Спортско-културното друштво на тркачи од Пиерија „ЗЕУС“, на која оваа година учествуваа стотици спортисти од цела Грција и странство. Почетната точка на трката беше споменикот на апостол Павле во Метони, а финишот беше во Пидна.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *