Романот застрашувачки прецизно предвидел многу проблеми на денешното општество.
“Војната е мир. Слободата е ропство. Незнаењето е моќ.” – Џорџ Орвел, 1984
“Само би сакал да знаете дека, кога зборуваме за војна, ние всушност мислиме на мир.”, Џорџ Буш, претседател на САД.
“Моќ е да се раскине човековиот ум во парчиња и потоа повторно да се состави во нов облик кој ти си го одбрал”, Џорџ Орвел, 1984 година.
“Оној кој го контролира минатото, ја контролира и иднината. Оној кој ја контролира сегашноста, го контролира и минатото”, Џорџ Орвел, 1984 година.
“Големиот брат те набљудува”, Џорџ Орвел, 1984 година.
“Сите животни се еднакви, но некои животни се повеќе еднакви отколку другите”, Џорџ Орвел, Животинска фарма.
Државата одлучува за тоа што е прифатлив начин на комуникација, за да одржува ред. Државата води надзор и ограничување на слободата на говорот.
Компаниите во чија сопственост се социјалните мрежи можат во секој момент да избришат кого било од која било причина.
Паметните телефони се нашиот поглед во светот, но истовремено и систем за собирање информации со кои тргуваат големите компании. А работите од ден на ден стануваат сè полоши бидејќи сите уреди во нашите домови сè почесто имаат пристап до интернет, што на компаниите им овозможуваат уште поквалитетен надзор и собирање податоци.
Ако не верувате, време е повторно да ја прочитате „1984“.