СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ПАРТНЕР ВО ПРОЕКТОТ „CLOSE“ – СОЦИЈАЛНО И ЕМОЦИОНАЛНО УЧЕЊЕ ПРЕКУ ФИЛМ

WEB Телевизија во живо

СОУ„Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија стана партнер во реализацијата на нов Еразмус проект „CLOSE – Инклузивни образовни средини и социјално-емоционално учење преку филм“, одобрен од Италијанската Национална Агенција.
 
Од 7-9 јуни во Витербо, Италија на првата меѓународна конференција CLOSE, организирана од координаторите St. Thomas International School присуствуваа експерти од областа на кинематографијата и медиумската писменост со цел поттикнување размена на знаење, соработка и иновативни идеи во потрагата по зајакнување на заедниците преку филм.
 
На состанокот координаторката на проектот за СОУ„Јосиф Јосифовски“ Снежана Сарамандова ја претстави нашата стратегија за дисеминација. Станува збор за проект во кој се вклучени 6 партнер институции од 4 земји, со фокус на поддршка на инклузијата во училишното образование со користење на филм за справување со дискриминација, промовирање на социјалното и емоционалното учење и поддршка на наставниците.
 
Партнери: Меѓународното училиште Сент Томас Италија, СОУ Јосиф Јосифовски – Гевгелија Македонија, Т-хап Кипар, Фабрика Глокал Италија Грета ду Велеј Франција, Laboratorio Immagine Donna Италија

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *