ШАХОВСКИОТ КЛУБ „7-МИ НОЕМВРИ“ ЌЕ НАСТАПИ НА ПРВЕНСТВОТО НА ВТОРАТА ШАХОВСКА МАКЕДОНСКА ЛИГА ВО СТРУГА

WEB Телевизија во живо

Сениорската екипа на Шаховскиот клуб „7 Ноември“ доби покана од Шаховската федерација на Македонија да игра во Втората лига. Како што е познато, на 27 и 28 Мај и на 03 и 04 Јуни во хотел Континентал -Скопје, екипата учествуваше во квалификациите за влез во Втора лига.На овие квалификации, гевгеличани го освоија четвртото место со 7 освоени бода од 15 екипи.
 
Бидејќи две екипи од Втората лига се откажале од настапот, како 4 – то пласирана екипа на квалификациите, ШК „7-ми Ноември“ стекна право да учествуваат на првенството на Втората лига што ќе се одржи во Хотел Дрим во Струга од 30.06 до 04.07. 2023 година. Иако имаат малку време за подготовки, раководство и играчите ветуваат дека ќе дадат се од себе за достојно претставување на Општина Гевгелија и својот шаховски клуб.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *