ШЕСТ ПИЈАНИСТИ ОД ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“ НАГРАДЕНИ НА 11. МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Учебната година, ООМУ „Васо Карајанов“ ја заокружи во натпреварувачки дух со учество на XI Меѓународен натпревар на млади пијанисти кој се одржа во Гевгелија.
Меѓу учесниците се претставија и надежните млади пијанисти од ова училиште:
 
Стела Стефанова со освоена прва награда,
Вангел Марков со освоена трета награда и
Благоја Стоев со освоена трета награда во класата на проф. Александар Лазаров;
Душко Димитров со освоена прва награда и
Илија Димов со освоена втора награда во класата на проф. Влатко Сапламаев;
Сара Видичек со освоена трета награда во класата на проф. Костадин Издушнов.
 
Исто така, училиштето, како помагател во реализацијата на овој настан со своите просторни услови позитивно одговори на предизвикот и беше место каде повеќе од 90 учесници во шест категории имаа можност да ги направат своите последни подготовки за настап. Како што е познато, членови на меѓународната жири комисија беа реномираните професори: Туту Ајдиноглу од Турција, Срџан Чалдаровиќ од Хрватска и Илија Чернаев од Бугарија, а претседател на организациониот одбор на натпреварот е проф. м-р Глигор Гелебешев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *