СЕДУМ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ДАРКО МАРКОВИЌ, НАЈПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ КАРИКАТУРИСТ

WEB Телевизија во живо

„Јас во својот живот имав една девиза, по која се држев, а тоа е дека животот е премногу сериозен за да го сфаќаме сериозно. Затоа се занимавав со карикатура и со цртан филм, обидувајќи се да ги насмеам моите читатели и гледачи. Меѓутоа сега, кога остарев, видов дека животот стана несериозен, а јас станав сериозен.
Роден е во Скопје во 1940 година. Богато и уникатно творештво остави Марковиќ и како сценарист и сценограф, аниматор, стрип цртач, илустратор и дизајнер.
Во 1969 година Марковиќ ја основа Светската галерија на карикатури.
 
Во периодот од 1975 до 1985 година за „Вардар филм“ снима околу триесетина анимирани филмови.
Негови познати анимации се „Граница“ (1976), „Стоп“ (1976), „Три минути на светот на Мирослав Бартак“ (1976), „Бело топче“ (1977), „Циркус“ (1979) и други.
Во 1977 година ја освојува првата роза на фестивалот во Монтре (Швајцарија), Сребрена роза за музичкиот цртан филм „Каша“ , каде авторите на „Мапет шоу“, ја освојуваат Златната роза.
Автор е на стриповите со популарниот јунак Пецко.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *