ПРИЕМ НА ДЕЦАТА УЧЕСНИЦИ НА „КАЛИНКА 2023“ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АНДОН САРАМАНДОВ

WEB Телевизија во живо

Денеска, на Меѓународниот ден на детето- 1 јуни, Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов ги прими децата учесници на Интернационалниот детски фестивал „Калинка 2023“, со дел од Организациониот одбор. Тој им посака успешни фестивалски вечери, кога градот Гевгелија ќе живее како град на детството, град на музиката и град на калинките.

Калинката созреа, нејзината кора пукна и плодовите излегоа на површина. Заживеа градот на детството, градот на музиката, градот на калинките. Излезе на Инаку, претпремиерно, „Калинка“ се претставува пред сите деца од училиштата и детските градинки.

Славењето на детството преку песната, музиката и танцот продолжува и на 2, 3 и 4. јуни, во Народниот театар со одржување на трите главни фестивалски вечери, а со почеток во 20:00 часот. Сто дечиња, солисти, хористи и танцови групи ќе пеат и играат за: другарството, забавата, лудите години, братчињата и сестричињата, боите, играчките и, се разбира, за калинката.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *