ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ, ВО ГЕВГЕЛИЈА ИЗМЕРЕНИ 42,5 СТЕПЕНИ. ДУРИ И КУЧИЊАТА БАРАА РАЗЛАДУВАЊЕ

WEB Телевизија во живо

За разлика од овогодишниот нестабилен и врнежлив јуни, пред 2 години,на 25 јуни 2021 година, нашиот портал пишуваше за тропскиот бран кој ја зафати Македонија и високите температури кои достигнуваа и над 40 степени.
По се изгледа, овој јуни ќе биде со највисоко измерени температури што се однесува до Гевгелија, пишуваше тогаш ТВ Нова 12.
Така, на 23 јуни беа измерени 41 степен, вчера, рекордни 42,5, а денеска, петок, 25 јуни Метереолошката станица во Гевгелија измери максимални 41,3
 
Инаку, најтопло лето откако се мерат температурите во земјава имало во 2007 година кога се измерени рекордни 45,7 Целзиусови степени.
Температурниот максимум е регистриран во Демир Капија на 24 јули 2007 година.
Рекордот и за Скопје е во истиот тој ден, кога температурата се искачила до 43,4 степени. Тој ден се измерени и рекордни 45,3 степени во Гевгелија, 43,5 степени во Штип и 40,2 степени во Крива Паланка.
Температурите во државава официјално се мерат од 1948 година. Имало мерења и порано, но не е сигурно колку се прецизни, велат од УХМР.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *