ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ОД НАЈДОБРИТЕ ЗА НАЈДОБРИТЕ“ НА СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“

WEB Телевизија во живо

Традиционално , на крајот на секоја учебна година, со музичко сценски перформанс, учениците и наставниците на СОУ „Јосиф Јосифовски“ синоќа ја организираа завршната манифестација „Од најдобрите за најдобрите“ во Народниот театар. На оваа манифестација им се доделија благодарници на најдобрите ученици и нивните ментори за нивното учество на натпревари, манифестации и вонучилишни активности.
 
Доделувајќи ги благодарниците на најдобрите, професорката Русица Атанасова пред присутните истакна:
„Заокружуваме уште една, за нас плодна и успешна година во која докажавме дека нашето училиште со право го носи епитетот-најдобро во регионот. Добиените голем број на златни, сребрени и бронзени медали и награди на државни и меѓународни натпревари и манифестации се од големо значење на учениците бидејќи стекнуваат дополнителни знаења и вештини кои им овозможуваат појасно да ги креираат своите идни планови.“
 
Во Училиштниот весник, директорката Марија Танева ќе напише:
„Визијата за СОУ „Јосиф јосифовски“ е да биде училиште во кое секое дете сака, може и знае да го оствари целиот свој потенцијал. Со 70-годишното постоење нашето училиште има достигнато висок квалитет и претставува средина со силна поддршка за развивање внатрешна мотивација и ентузијазам за работа, креативност, визионерство, иницијативност, натпреварувачки дух и тимска работа.“
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *