ОД 1 ЈУЛИ МАКЕДОНЦИТЕ И СРБИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПАТАРИНА СО ЕДЕН УРЕД

WEB Телевизија во живо

Системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во државава и во Србија ги помина успешно сите тестирања, подготвен е за употреба и е функционален, информираат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
 
Проектот беше најавен во септември 2021 година, во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, а стартен датум за примена е 1 јули годинава.
Ќе функционира на начин што наместо да запираат или да купуваат дополнителен уред или картичка, возачите од двете земји ќе може со еден уред да платат патарини и во Македонија и во Србија.
 
– Реализацијата на проектот Отворен Балкан е во завршна фаза, се врши тестирање и проверка на системот, во реално време и со реални податоци. Системот ги помина успешно тестирањата, спремен е за употреба и е функционален. Изминатиов период се правеше подготовка на интеграција на системите за наплата на патарина во Македонија и Србија.
 
Исто така, се вршеше подготовка и изработка на безбеден и ефикасен начин за реализација на трансакциите во двете земји. Во интеграцијата на системот е ангажиран кадар што и досега работеше на воспоставување на електронската наплата – објаснуваат од ЈПДП.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *