НАМАЛЕН МОРТАЛИТЕТОТ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ВО 2022 ГОДИНА ВО ОДНОС НА 2021, НО ЗГОЛЕМЕН ВО ОДНОС НА 2020 И 2019. ДАЛИ ПРИЧИНАТА СЕ ПОСТ КОВИД ЗАБОЛУВАЊАТА?

WEB Телевизија во живо

Во општина Гевгелија, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година починале 322 лица, од кои 163 машки. Тоа е намалување во однос на 2021 година, кога починале 378 лица, од кои 209 машки.
Но, она што е симптоматично, оваа бројка е поголема од починатите лица во 2020, кога починале 309 лица и од 2019 кога починале 276 лица.
Дали е ова резултат од пост ковид заболувањата кај жителите на Општина Гевгелија, останува на ова прашање да одговорат надлежните институции.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на умрените лица во 2022 година изнесува 22 459 и е намален за 21.2 % во однос на претходната година. Од вкупно умрените лица, поголем број се од машки пол, и тоа 11 868 или 52.8 %.
Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, и тоа 41.3 % случаи од вкупно умрените, потоа се случаите кај кои како причина за смртта се јавуваат неоплазмите, со 17 % , а со 6.8 % се застапени случаите кај кои причина за смртта е вирусот КОВИД-19.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *