НА 28-ТА СЕДНИЦА, СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА, ПОКРАЈ ДРУГОТО ЌЕ РАСПРАВА ЗА ЗОНСКОТО ПАРКИРАЊЕ, СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ, ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија, на 29 јуни 2023 година (четврток), ќе ја одржи својата 28. седница, на која ќе расправа по ПредлогОдлуки за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализација на Проект: „Иновативен тренинг HUB- вештини на иднината“ и одобрување субвенции за набавка на велосипеди. Како и по Предлог-Решенијата за разрешување и именување членови во неколку општински тела. 

Од областа на урбанистичкото и просторно планирање, Советот ќе расправа по неколку Предлог-Одлуки за прифаќање иницијатива за изработка и донесување Урбанистички проекти, како и давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија.

 Покрај овие акти, на претстојната седница ќе се разгледуваат и предлог- измените и дополнувањата на Одлуката за определување зони за зонско паркирање на подрачјето на град Гевгелија , за барањето на Здружение на граѓани со дијабетес за општините Гевгелија, Богданци и Дојран, како и Информација за состојбата со јавното осветлување во општина Гевгелија и Информација за состојбата со јавниот превоз на патници во општина Гевгелија. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 10:30 часот

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *