МАРА АЛЕКСАНДРА КУНЕ, ЧИИ РОДИТЕЛИ СЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ГРАДИ ОДЛИЧНА ДИПЛОМАТСКА КАРИЕРА ВО АМЕРИКА

WEB Телевизија во живо

ПИШУВА МАКЕДОНСКАТА ОБЕДИНЕТА ДИЈАСПОРА
 
Мара е од Детроит и е дел од семејство на Македонци-Американци чии предци од Габреш и Смурдеш (Егејска Македонија) емигрирале во САД и Канада во раните 1910-ти.
Дипломирала на државниот универзитет Вејн на катедрата за политички науки по руски и глобални студии во 2020 година.. Претходно, Куне волонтираше во Стејт департментот и работеше како теренски организатор за кампања за првичните избори во Конгресот и како менаџер на кампања за реизбор на државен претставник.
 
Куне моментално е дипломиран студент на Универзитетот во Мичиген – Ен Арбор, каде што е студент со двојна диплома, на Форд школата за јавна политика, и на магистерските студии по меѓународни и регионални студии во Центарот за руски, источноевропски и евроазиски Студии. Таа е добитник на стипендија за руски јазик на Одделот за образование за странски јазици и области (FLAS).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *