ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ГЕВГЕЛИЈА ГИ ПОВИКУВА МЛАДИТЕ ДА УЧЕСТВУВААТ НА ФЕСТИВАЛОТ „МЛАДИНСКИ БРАН“

WEB Телевизија во живо

Локалниот младински совет на Општина Гевгелија објави Јавен повик за изразување интерес за учество на Дводневниот музички фестивал „Младински бран“, кој ќе се реализира преку Програмата за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија за 2023 година. Имено, овој Фестивал има за цел младинско вмрежување, затоа повикот е наменет за учество на млади, на возраст од 15 до 29 години, не само од Гевгелија туку и од соседните општини во Југоисточниот Регион.

Пријавувањето опфаќа учество во: музички настани, панел-дискусии, работилници, сесии за размена на искуства, изложби, волонтерство и многу други активности. Повикот е отворен до 23 јуни 2023 година, а заинтересираните можат да го изразат својот интерес за учество со пополнување формулар на електронската платформа, на следниов линк:
 
Повеќе информации на официјалиот Facebook профил (Локален младински совет- Гевгелија) и Инстаграм профилот на Локалниот младински совет (mladinskisovet.gvg).
Дводневниот фестивал ќе се одржи на 6 и 7 јули, на летната тераса на хотел „Аполонија“ (коктел-бар „Драма“).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *