ИЗЛОЖБА „ БЕСКОНЕЧНИ НИШКИ“ ВО „STRING ART“ ТЕХНИКА НА АВТОРКАТА ЗОРИЦА ЗОКА РИЗОВ :

WEB Телевизија во живо

„ОВАА ТЕХНИКА СЕ СМЕТА ЗА „ЈОГА НА МОЗОКОТ“И ПОМАГА ДЕЦАТА ПОЛЕСНО ДА ЈА РАЗБЕРАТ МАТЕМАТИКАТА“
 
Н.У.Музеј – Гевгелија е организатор на првата самостојна изложба составена од рачна изработка на STRING ART и плетени ракотворби од волница и памучен конец од авторката Зорица Зока Ризов. Изложбата , Зорица Зока Ризов е родена 1972 година во Тетово. Сопруга и мајка која живее и работи во Гевгелија од 2012 год. Будењето на мајчинскиот инстинкт и раѓањето на родољубивите чувства, длабоко вкоренети во нејзината душа, издигнале камен темелник, инспиративен и уметнички порив, завземајќи стожерно место во нејзиното досегашно осумгодишно творештво.
Ја искористивме можноста, да дознаеме нешто повеќе за оваа ликовна техника од самата авторка
 
-Од каде дознавте за овој вид на уметност?
 
За овој вид на уменост дознав преку печатени и други медиуми, како и од социјалните мрежи пред осум години. Првото дело што го направив беше слика на був.
Инаку,„ Жичаната уметност или „String Art“ потекнува од активностите на „кривиот шев“ измислен од Мери Еверест Бул на крајот на 19 век за да ги направи математичките идеи попристапни за децата. Беше популаризиран како украсен занает во доцните 1960-ти преку комплети и книги. Мери Еверест Бул била самоук математичар која е најдобро позната како автор на дидактички трудови за математиката, како што се Филозофија и Забава со Алгебра, и како сопруга на колегата математичар Џорџ Бул. Нејзините прогресивни идеи за образованието, како што се објаснети во Подготовката на детето за наука, вклучуваат охрабрување на децата да ја истражуваат математиката преку разиграни активности како што се шиење со криви.
 
-Каков материјал е потребен за овој вид на уметност?
 
„ Целиот концепт го сочинуваат едноставни алатки и материјали: дрвена табла, конци и шајки. Шајките се удираат во дрвената даска по посебна шема.Оваа процедура обично се спроведува на насликана или тапацирана дрвена основа.Уметноста на низите, или уметноста на чајките и нишките, се карактеризира со аранжман на обоени конци нанижани и затегнати, обвиткани помеѓу збир на клинци кои формираат геометриски модели. Финалниот дизајн е формиран од прави линии, малку поинаквите агли и метрички позиции на кои конците се вкрстуваат..Може да се каже дека стринг уметноста е ексклузивна за искусни уметници со големо знаење, кои преку создавањето на сложени дизајни, претвораат даска од дрво во уметничко дело.
 
-Освен што се создава уметничко дело, Вие рековте дека овој вид на уметност има педагошки, дидактички и математички ефекти, особено кај децата од предшколска возраст?
 
„Да, токму така, овој вид на уметност може да им помогне на децата од предшколска возраст за да ги развиваат моториката ,перцепцијата, цртањето на правилни форми на круг,квадрат,триаголник,правоаголник и друго.
Конкретно овој вид на уметност кај децата го развива концептот на различни агли, развива перцепција на бојата, апстрактно размислувањ, ги развива мускулите на раката, окото, координација на движењата на рацете под контрола на очите, ја развива упорноста, трпениет и грижливоста кај децата.
Освен ова, оваа уметност вклучува и охрабрување на децата да ја истражуваат математиката преку разиграни активности како што се шиењето со криви, или она што ние го нарекуваме геометрија на жици, која ќе им помогне на децата да научатповеќе за геометријата на аглите и просторот.
 
– Дали има интерес во нашите предшколски и школски установи за вакво едно подучување на геометријата и алгебрата?
 
„ За жал,нема. Овој вид на уметност е малку познат на нашите простори. Мислам дека МОН трба да се ангажира малку повеќе,па дали да се воведе како изборна програма или како редовен час, не е мое да одлучам.Инаку,оваа уметност мислам дека многу може да помогне во изучување на геометријата. Пак ќе кажам,за жал нема интерес,бидејќи треба да се промовира преку сите достапни медиуми, да се информираат тие што се задолжени за образованието на нашите деца. Затоа упатувам апел до сите институции што можат да помогнат да се презентира на пошироката јавност, да се информира почесто,за да се поттикнат децата, па и возрасните, бидејќи верувајте ми оваа уметност е како јога за мозокот и целокупното психофизичко здравје на секој поединец.
Како за најмладите, овој вид на креативна активност е од полза и за повозрасните, затоа што со изработка на вакви уметнички дела се ублажува стресот, се зголемува фунцијата на мозокот, се стимулира умот, се подобрува расположението. Исто така може да придонесе за намалување на високиот крвен притисок, проблемите со менталното здравје, и со дебелината“
 
На крајот, да кажеме дека гевгеличани ќе може да ја проследат оваа навистина интересна изложба до крајот на оваа недела. Авторката Ризова се надева дека во наредниот период ќе следуваат вакви изложби и низ другите градови на Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *