ХОРОТ „ГОРТИНИЈА“ НАСТАПИ НА ПРВАТА ВЕЧЕР НА ФЕСТИВАЛОТ НА ХОРСКА МУЗИКА„ТЕХО“ – ТЕТОВСКИ ХОРСКИ ОДЗИВИ

WEB Телевизија во живо

Синоќа се одржа првата, од двете вечери во рамките на 32. издание на Меѓународниот фестивал на хорска музика Тетовски Хорски Одзиви-ТЕХО. Со овогодишното издание се одбележуваат 50 години од првиот фестивал што се одржал во 1973 година во Тетово.
 
На првата вечер настапија детскиот хор „Лале“ и хорот „А капела“ од Тетово, „Гортинија“ од Гевгелија, Македонски камерен хор од Нов Зеланд, хор „Розафа Експрешн“ од Скадар, Албанија, Женски младински хор при Младински културен центар Скопје и Академскиот хор при Студентски културен центар од Ниш, Србија.
Гевгелискиот хор настапи со четири композиции-Exultate deo од Plaestrina, Cristus Tactus Est од Brinken,Northen Light Gjeilo и Огин го гори Брезово од Лековски.
 
Покровител на фестивалот е претседателот Стево Пендаровски кој во видео порака истакна дека низ годините, фестивалот стана автентична платформа за меѓународна промоција на македонските композитори, диригенти и хорови од кои многумина ја започнале својата кариера токму на „ТЕХО“.
Во фоајето на Центарот се изложени плакати, фотографии и материјали од сите претходни фестивали.
 
Денеска три хорови настапуваат на пладне во соборната тетовска црква Свети Кирил и Методиј, а фестивалот вечерва продолжува од 19.30 часот во Центарот за култура каде настапуваат уште седум хорски состави.
Ќе настапат хорови од повеќе наши градови, но и од Србија, Косово и Албанија. За прв пат преку интернет ќе настапи и Македонски камерен хор од Нов Зеланд со три композиции.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *