ХОРОТ „ГОРТИНИЈА“ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА 57-ОТ МЕЃУНАРОДЕН ХОРСКИ НАТПРЕВАР ВО КОРУШКА, РЕПУБЛИКА АВСТРИЈА

WEB Телевизија во живо

Градскиот мешан хор „Гортинија“ од Гевгелија ќе земе учество на 57-от Меѓународен хорски натпревар 2023 година, кој од 6 до 9 јули, ќе се одржи во замокот Порсија во градот Спитал ан дер Драу, во Корушка, Австрија, На натпреварот, ќе настапат 10 хорови од 10 земји, и тоа, Индонезија, Канарски острови, Македонија, Полска, Швајцарија, Словенија, Тајланд, Украина, САД и Австрија.
 
Хорскиот натпревар ќе се одржи во две категории:
Категорија А – уметничка песна (современа хорска литература) (со наградата Гинтер Митерграднегер)
Категорија Б – народна песна
Услови за натпреварот од Категорија А – Мора да се испеат две (од три) задолжителни песни од Томас Томкинс, Антон Брукнер или Кристијан Дрео, и дополнителна кратка програма по избор на хорот, која не смее да надмине 10 минути чисто време за пеење. За кратката програма е дозволен и софистициран џез или поп аранжман.
 
Наградите во оваа категорија се следните
1. награда: 1.500 евра
2. награда: 900 евра
3. Награда 600 евра, како и
Гинтер-Митерграднегер-Награда за најдобра интерпретација на современо дело: 1.000 евра
 
На веб страната на Меѓународниот хорски натпревар, хорот „Гортинија“ од Гевгелија е претставен како хор кој доаѓа од Македонија и е основан во 2006 година. Во моментов членови на хорот се млади ентузијасти, пејачи аматери со одлични вокални интерпретации и љубов кон хорската уметност. Во текот на годините на неговото постоење, хорот има бројни концертни настапи на национална и меѓународна сцена за презентирање и освоено бројни награди, меѓу кои и 3 златни медали на Хорски натпревари во својата земја.. Хорот е под раководство на Илија Атанасов и посветува особено внимание на вокално-инструменталните дела.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *