ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ТАНЦОВОТО СТУДИО „MYSTIC DANCE“ КАКО КРУНА НА УСПЕШНАТА СЕЗОНА

WEB Телевизија во живо

Танцовото студио „Мистик“ во две вечери, на 16-ти и 17-ти јуни 2023 година ќе го одржи Годишниот концерт за одбележување на крајот на сезоната 2022/2023 година. Концертните вечери ќе бидат одржани во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 21:00 часот. Влезниците за првиот Концерт се распродадени, а за вториот можат да се набават во цвеќарата „Оликат“ на улицата „Радован Ковачевиќ“- Гевгелија, по цена од 150 денари.
 
Како што вели, кореографот Александар Аврамов, на Концертот ќе се претстават членовите, забавувајќи ја и носејќи ја публиката на патување преку танцови креации од изминатата сезона.
Всушност, Годишниот концерт на „Мистик“ е и прославување на постигнатите резултати и многубројните освоени награди на Меѓународните натпревари за модерен танц во: Белград, Србија; Загреб, Хрватска; Солун, Грција и Скопје, Македонија. А, секако, на задоволство на гевгеличани, со претставување на кореографиите кои ја одбележаа натпреварувачката сезона. Активностите на „Мистик“, годинава, беа поддржани од Општина Гевгелија преку Програмата за поддршка на спортските активности

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *