ЃОКОВИЌ ГО ПОБЕДИ РУД НА РОЛАН ГАРОС И ЈА ИСПИША ИСТОРИЈАТА

WEB Телевизија во живо

Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја покажа својата големина со победата над Норвежанецот Каспер Руд во финалето на Францускиот опен турнир Ролан Гарос.
 
Новак со оваа победа е тенисерот со најголем број на освоени грен слем турнири, 23, и кај машките тенисери е во водство пред Рафаел Надал.
Тој, исто така, стана првиот човек што ги освоил сите четири големи тениски турнири најмалку три пати.
 
Со победата на париската земјена подлога тој се изедначи со Серена Вилијамс во однос на освоените титули, а само Маргарет Корт сега стои пред него со 24 Грен слемови.
 
Ѓоковиќ ќе има можност да го израмни рекордот на Корт на Вимблдон следниот месец – место каде што веќе седум пати победи и ќе биде фаворит за израмнување на рекордот за титулата на Роџер Федерер.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *