„ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ“ ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ ДЕНОТ НА ВЕЛОСИПЕДОТ СО ПАРАДНО ВОЗЕЊЕ

WEB Телевизија во живо

ГЕВГЕЛИЈА-НЕГОРЦИ-ПРДЕЈЦИ-ГЕВГЕЛИЈА

Почитувани сограѓани и сограѓанки !!!
 
Во Гевгелија скоро секое домаќинство има барем еден велосипед па да се потрудиме барем на 4-ти јуни градот да ни заличи како повеќето градови во Данска или Холандија.
Би сакале да ни се придружите во иницијативата за парадно возење на релација Гевгелија-Негорци-Прдејци-Гевгелија.
 
ПО ПОВОД 3 – ТИ ЈУНИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ, УТРЕ, НЕДЕЛА, НА 4 ТИ ЈУНИ 2023 ГОДИНА, „ ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ“ ОРГАНИЗИРА ПАРАДНО ВОЗЕЊЕ И ДРУЖЕЊЕ ЗА СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ОД 14 ДО 74 ГОДИНИ. ВЕЛОСИПЕДИСТИ ПОЧЕТНИЦИ.
 
МЕСТОТО НА СОБИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ЌЕ БИДЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА САВА МИХАЈЛОВ ВО 10ЧАСОТ И 50 МИНУТИ, ДОДЕКА ТРГНУВАЊЕТО Е ВО ТОЧНО 11 ЧАСОТ
РУТАТА НА ВОЗЕЊЕ ЌЕ БИДЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА ПРЕКУ НЕГОРСКИ БАЊИ СО МАЛА ПАУЗА И ГРУПНА ФОТОГРАФИЈА НА ПАТЕКАТА ДОЛНА КУРИЈА, ПРОДОЛЖУВАЊЕ КОН НЕГОРЦИ И ПРЕДЕЈЦИ ПА ВРАЌАЊЕ НАЗАД ВО ГЕВГЕЛИЈА. ВОЗЕЊЕТО ЌЕ БИДЕ ГРУПНО И НЕ Е ОД НАТПРЕВАРУВАЧКИ КАРАКТЕР. ТОА ЌЕ БИДЕ РЕЛАКС ВОЗЕЊЕИ УБАВО ДРУЖЕЊЕ ПОТРЕБНО Е САМО ДА ИМАТЕ ТЕХНИЧКИ ИСПРАВЕН ВЕЛОСИПЕД, ДОБРА ВОЛЈА И ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ.
 
Во светот има многу добри места за возење за велосипед а општина Гевгелија е идеална со одличен рамнински дел но и прекрасни ридско, планински предели за адреналинските зависници. Нека ни е честит 3-ти јуни светскиот ден на велосипедизмот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *