ДОМИНАЦИЈА НА ГЕВГЕЛИСКИТЕ АТЛЕТИЧАРИ НА ТРКИТЕ ВО КУКУШ:

WEB Телевизија во живо

ДВОЈНИ ПОБЕДИ НА 5 И 10 КМ КАЈ МАЖИТЕ, ПРВО НА 5 КМ КАЈ ЖЕНИТЕ, И ПРВО И ТРЕТО КАЈ ДЕЦАТА.
 
Денеска, недела на 18.06.2023 година во Кукуш, 250 атлетичари го трчаа Второто издание на „Патот на хероите Кукуш 2023“ со трки од 9,6 км, 4,8 км, и детската трка на 1 км.
На сите три трки учествуваа и околу триесеттина членови на АК „7-ми Ноември“ од нашиот град, и може слободно да кажеме дека речиси сите први награди ги собраа гевгелиските атлетичари.
Така, во трката на 5 километри, во женска конкуренција, прва беше Теа Божиновска, додека во машка конкуренција првото место го освои Атанас Епов, додека втор беше Никола Ковачев.
На 10 километри, Тоше Анчев го освои првото место, а Срѓан Милошевски беше втор.
На детската трка, на 1 километар, првото место му припадна на Максим Ангов, а третото на Томче Петков.
Трката ја организираше Здружението на здравствени тркачи Кукуш , со поддршка на општина Кукуш и со соработка на 71. Воздухопловна бригада Кукуш , како дел од настаните за ослободување на градот. Трасата на Патот на хероите опфаќа 1000 метри асфалт, 4,5 километри прооден земјен пат и приближно 4 километри пешачка патека.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *