ДЕНЕСКА Е 5-ТИ ЈУНИ, СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

WEB Телевизија во живо

„ЗАЕДНО ДА ГО ПОБЕДИМЕ ПЛАСТИЧНОТО ЗАГАДУВАЊЕ“
 
Светскиот ден на животната средина 2023 година е потсетник дека активностите на луѓето за надминување на загадувањето со пластика се важни. Чекорите што владите и бизнис компаниите ги преземаат за да се справат со загадувањето со пластика треба да се последица на оваа акција и да донесат видливи резултати.
Време е да се забрза оваа акција и транзиција кон кружна економија. Време е да го победиме пластичното загадување.
 
Храната што ја јадеме, воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и климата што прави нашата планета да може опстане, доаѓаат од природата.:
За да се грижиме за себе, мора да се грижиме за природата.
Еден милион растителни и животински видови се истребуваат, главно како резултат на човечки активности. Време е да се разбудиме и да повикаме на акција.
 
Светскиот ден на животната средина е креиран од Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *