ДЕНЕС 20-ЈУНИ И УТРЕ 21-ЈУНИ УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

WEB Телевизија во живо

На 20 и 21 јуни ( вторник и среда) , во периодот од 8.00 до 13.00 часот, во просториите на СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ ќе се вршат електронски уписи на ученици во прва година гимназиско образование и стручно образование.
 
Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија за учебната 2023/2024 година според утврдени наставни планови и програми во прва година ќе се запишат 295 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: гимназиско образование 4 паралелки со 136 ученици и во стручното образование, економија, 1 паралелка со 25 ученика, угостителство, 2 паралелки со 50 ученика, машинство, 2 паралелки со 59 ученика и здравство, 1 паралелка со 25 ученика.
Првото пријавување на учениците за упис во прва година во јавните средни училишта за учебната 2023-2024 година ќе заврши утре во 15 часот. Дотогаш ученците може да ги пополнуваат своите пријави (апликации). 
 
Потоа системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици, кое се спроведува преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.
 
Ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 22 јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет-страницата www.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот.
Учениците потоа ќе треба да ја достават потребната документација до училиштата – на 22 јуни, согласно изготвен распоред од страна на училиштето и тоа:
пријава за запишување, оригинални свидетелства од VI do IX одделение, дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари и извод од матичната книга на родените (без оглед на датум на издавањето
Министерството за образование и наука соопшти дека пријавата за запишување е составен дел од апликацијата која е потребно да се пополни и да се испечати по објавување на ранг-листата.
Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 јуни најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
 
Второто пријавување на учениците овој месец е 27-28 јуни, ранг-листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни, на 29 и 30 јуни е доставувањето на потребената документација до училиштата и на 1 јули 2023 е објавување на конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *