АПЕЛ ОД ОО ЦРВЕН КРСТ ГЕВГЕЛИЈА ДО КРВОДАРИТЕЛИТЕ:

WEB Телевизија во живо

„КРВТА ДА ГО ЧЕКА БОЛНИОТ А НЕ БОЛНИОТ ДА ЧЕКА КРВ“
 
Денес, ОО на Црвениот крст од Гевгелија организираше Јавно соопштение за граѓаните во однос на пресекот и моменталната состојба со крводарителските акции, како и идните планови во крводарителството во рамките на Црвен крст Гевгелија.
На медиумите и граѓаните им се обратија, секретарот на ОО на Црвен крст Гевгелија, Лазар Мешков и долгогодишниот раководител на Службата за трансфузиологија при Општата болница Гевгелија, др. Миле Баламовски.
 
Секретарот Мешков, при тоа истакна дека месецот јуни, кога се прославува и 14 јуни, светскиот ден на крводарителството, е вистинското време со вакво соопштенија да се испрати апел до сите хумани граѓани, доброволно, анонимно и бесплатно да ја искажат својата солидарност и хуманост и да даруваат крв за спас на некој човечки живот.
 
Тој потенцираше дека од година во година, после пандемијата, расте трендот на бројот на крводарувањата, што води кон достигнување на целта, односно исполнување на годишниот праг на собрани единици крв, кој за општините Гевгелија, Богданци и Дојран изнесува 984 единици. Така, во 2022 година имало 739 крводарувања, а во 2023 година до овој момент тој број изнесува 419. Воедно тој ги покани сите граѓани да дојдат на крводарителската акција, која утре, 28 јуни, од 10 до 16 часот ќе се организира во просториите на Народниот театар.
Докторот Миле Баламовски, во своето излагање акцентот го стави на фактотдека подобро е да имаме 1000 крводарители кои ќе дадат крв барем еднаш годишно, отколку да имаме 100 крводарители кои четири пати годишно ќе даруваат од оваа драгоцена течност.
 
Тој, исто така апелираше до сите граѓани, организации и институции, да помогнат во летниот период, кога граѓаните се во постојано движење и се случуваат сообраќајни несреќи, да бидат мотивирани од страна на работодавателите, со давање слободни денови, со која погоднодт ќе го стимулираат крводарителството во нашата општина. Да не дозволиме, истакна Баламовски, да имаме недостаток на крв од било која крвна група, и крводарителството да биде и во летниот период континуирано.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *