45 ПРОЦЕНТИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ТИНЕЈЏЕРИ СЕ ИЗБУВЛИВИ И НЕЗАДОВОЛНИ ОД ЖИВОТОТ, А ЕДНА ТРЕТИНА НЕ ГО САКА УЧИЛИШТЕТО

WEB Телевизија во живо

Четириесет и пет проценти од македонските адолесценти имаат здравствено ментални проблеми, како незадоволство од животот, главоболки, нервоза, избувливост и проблеми со спиењето, стои во извештајот „Здравјето и добросостојбата на адолесцентите во фокус“, што го објави Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа.

Извештајот го пренесе Институтот за јавно здравје, за кој велат дека содржи исцрпни податоци за физичкото здравје, социјалните односи и менталната добросостојба на 227.441 деца на училишна возраст од 11, 13 и 15 години, од 45 земји.
Адолесцентите имаат здравствено ментални проблеми почнувајќи од незадоволството од животот, преку психосоматските тегоби (главоболки, болки во стомакот, нервоза, избувливост и проблеми со спиењето) до долготрајните периоди на нерасположение и дисфункционалност, кои покажуваат пораст со возраста, со сe поголеми меѓуродови разлики, за сметка на девојчињата.

Во поглед на приврзаноста кон училиштето, учениците од Македонија, кои со години беа на врвот помеѓу 40-тина земји од Европа, Америка, Канада и Русија, во последните 12 години покажуваат континуиран пад во интересот за училиште. Падот се зголемува и со возраста, и кај двата рода, за да доведе до приврзаност од само 29% ученици што го сакаат училиштето. Во поглед на имотноста, најниско имотните девојчиња, најмногу го сакаат училиштето, додека најимотните ученички се најмногу оптоварени со училишни задачи.

Поддршката меѓу соучениците е се уште висока, но поддршката од наставниците опаѓа со возраста на децата, и е најниска на нивните 15 години, тогаш кога им е најпотребна. Поддршката многу побргу опаѓа кон девојчињата, во споредба со момчињата.
Извештајот наведува дека сексуалното здравје и семејно насилство се табу теми за кои со младите не се разговара. Наодите покажуваат големи меѓуродови разлики, што се пресликуваат во нивните одговори. Македонија е меѓу петте земји со највисока родова диспропорција во сексуалните искуства меѓу момчињата (38%) и девојчињата (4 %) кои пријавиле сексуални односи до својата 15-та година.

Во поглед на заштитата, 1/3 од сексуално активните млади во Македонија не користеле никаква заштита /кондом или контрацептивни пилули/ при последниот сексуален однос. Семејното насилство, истражувано во 8 земји-членки на Студијата, открива висока пропорција до 35% од децата од Македонија, со искуства на какво било насилство во семејството (физичко, вербално, занемарување, сексуално вознемирување и злоставување) со зголемување на стапката, со возраста на децата. Притоа, момчињата пријавуваат почеста изложеност на семејно насилство од девојчињата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *