20 АТЛЕТИЧАРИ НА „7-МИ НОЕМВРИ“ ТРЧАА НА „ТРЧАМЕ ЗА РАЦИН“ ВО ВЕЛЕС. НА 5 КМ ТОДОР АНЧЕВ ТРЕТ А ЕКИПНО ГЕВГЕЛИЧАНИ ВТОРИ

WEB Телевизија во живо

Атлетската трка „Трчаме за Рацин“ организирана од АK Борец и Општина Велес, по вторпат се одржа вечерва, 11 јуни, по дождливо време, низ улиците на градот Велес. Таа е дел од програмата за Рациновите средби и во склоп на настанот имаше трка на 10 километри и 5 километри, како и детска трка на 500 метри. 

На овогодишното издание учество зедоа преку 500 учесници на сите три трки.
Меѓу нив на стартот се појавија и 20 атлетичари од АК „7-ми Ноември“, во машка и женска конкуренција, од кои 15 трчаа на 5 километри, додека на 10 километри настапија петмина атлетичари на гевгелискиот клуб..

Во трката на 5 километри, Тодор Анчев го освои третото место, додека екипата во состав Тодор Анчев, Никола Нанчев и Никола Ковачев, се пласираше на второто место.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *