10 ЈУНИ – ДЕН НА ВОЕНОТО ВОЗДУХОПЛОВСТВО И ПРОТИВВОЗДУШНАТА ОДБРАНА НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

Темелите на македонското Воено воздухопловство беа удрени на 10 април 1992 година, кога претседателот на РМ ја потпиша Одлуката број 60 за формирање Команда на Воено воздухопловство и Противвоздушна одбрана со потчинета Авијациска бригада како прва воздухопловна летачка единица на Армијата на Република Македонија, со авијациски, транспортен и борбен хеликоптерски сквадрон. Така, заради заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија, се забрануваше влегување на воздухоплови од страна, доколку за тоа немаат дозвола од Министерството за народна одбрана и Републичкиот штаб за територијална одбрана. 

По успешно завршување на теоретската обука, на 10 јуни 1992 година, со Наредба на Командата на ВВ и ПВО, започнува и практичната обука во воздух, односно преобука и оспособување за вршење наставничка должност. Во согласност со Планот за летање од 9 јуни 1992 година, изработен за летачкиот ден 10 јуни 1992 година, полета првата македонска посада, со авион од типот Утва-75 во периодот од 10.15 до 10.35 часот во пилотска зона Драчево. 

Во чест на тој историски настан, 10 јуни традиционално се слави како ден на македонското Воено воздухопловство. Контрола на македонското небо Првиот работен ден на Командата на ВВ и ПВО започна на 1 април 1992 година во просториите на поранешниот суд на ЈНА во населбата Аеродром. Постојаното ембарго за увоз на оружје и воена опрема ја спречи Република Македонија да пристапи кон посериозно опремување на военото воздухопловство со нови летала. 

Со цел да го одржи во кондиција високостручниот и професионален пилотски кадар на македонското воено воздухопловство, Армијата на Република Македонија од Воздухопловниот сојуз на Македонија изнајми еден авион од типот УТВА-66 и четири авиони од типот УТВА-75. Обуката на пилотите главно се изведуваше на лесните авиони од типот Утва-75.
 
Во 2005 година воздухопловната бригада се трансформираше во помала, покомпактна единица наречена воздухопловен ВИНГ (воздухопловна извидувачка напаѓачка група) која фигурира до 2012 година кога повторно се формира воздухопловна бригада во составот на Здружената оперативна команда.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *