1 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ДЕТЕТО

WEB Телевизија во живо

„Твоите деца не се твои деца. Тие се синови и ќерки на копнеж по животот сам по себе. Тие доаѓаат преку тебе, но не од тебе. И иако се покрај тебе, не ти припаѓаат тебе“, вели познатиот поет Калил Џибран, чии поетски зборови ја имаат истата универзалистичка семиотика на поставените заложби за правата на децата кои се пронаоѓаат и како порака на Генералното собрание на ОН, кое препорачува дека сите земји треба да воспостават Универзален ден на детето, а децата да имаат своја соодветна правно-општествена заштита.
 
Детските права се утврдени со Конвенцијата за правата на детето усвоена од Обединетите нации во 1989 година. Основните принципи на Конвенцијата се:
Право на живот, опстанок и развој;
Најдобар интерес на детето;
Право на учество;
Право на недискриминација.
На 1 јуни го славиме Меѓународниот ден на детето. Празникот потекнува од Светската конференција за прашањата на детското здравје, одржана во Женева во 1925 година.
 
Идејата за одбележување на овој ден доаѓа во 1925 година, кога кинескиот генерален конзул во Сан Франциско собира неколку кинески деца сираци и ги води на празникот на чамци-змејови (кинески празник, што влече корени од почетокот од антиката и е поврзан со пролетната рамноденица).
 
Подоцна неговата иницијатива е продолжена, независно од тоа што се одржува меѓународна конференција за прашањата на детското здравје, во САД и во Европа .
Во 1949 година, денот официјално е прогласен за Меѓународен ден за заштита на децата, а во 1950 година 1 јуни за прв пат е одбележан во 51 земји во светот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *