ЗАПОЧНА ПОЛАГАЊЕТО НА ДРЖАВНАТА МАТУРА

WEB Телевизија во живо

Матурантите од средните училишта во земјава денеска го полагаа првиот испит од овогодишната државна матура. Се полага мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски) – првиот од двата екстерни испита, кој е задолжителен за сите матуранти.

За полагање на завршниот испит во јунската испитна сесија, според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ) се пријавиле 15 620 матуранти од кои 6 750 се од гимназиско образование, 8 598 од средно стручно образование и 272 од средно уметничко образование.
 
Полагањето на вториот екстерен испит од матурата е закажан за 10 јуни. Тој е изборен и матурантите имаа можност да избираат меѓу седум предмети.
Најмногу пријавени – 13 922 – има за испитот по Англиски јазик, за Математика се пријавени 1 397 ученици, Француски јазик ќе полагаат 29 матуранти, Германски јазик – 122 ученици, за полагање на Руски јазик се пријавиле 17 средношколци, Естетика ќе полагаат 81 ученик, а Филозофија избрале седум матуранти.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *