ЗАПОЧНА ФОЛК ФЕСТ „ВАЛАНДОВО-2023“

WEB Телевизија во живо

Како и секоја година, така и оваа во Валандово, градот на калинките, од 26-ти до 28-ми мај се одржува 36-то издание на еден од најстарите музички фестивали во Македонија “Фолк Фест Валандово”.
 
Синоќа, на 26-ти мај на плоштадот во Валандово, со почеток од 21 час. на сцената настапија Распеани Валандовчани, Јоце Панов и Жељко Самарџиќ, вечерва, сабота, на 27-ми мај на истата сцена ќе настапат Ефто Пупиновски, Ана Бекута и Куку Леле.
 
Што се однесува до официјалниот дел на овогодинешното издание на “Фолк Фест Валандово”, тој ќе стартува на 28-ми мај од 20:30 часот во салата “Јанко Узунов” и ќе бидат исполнети дваесет новокомпонирани македонски песни.
 
Како што најавија организаторите, ќе се доделат неколку награди од кои една е Наградата за животно дело, а годинава ќе му биде доделена постхумно на нашиот Ѓоко Дончев, додека Ревијалниот дел на фестивалот ќе му биде посветен на македонскиот виртуозен хармоникаш и музички творец Милан Завков.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *