ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ВО УЧЕБНАТА 2003/2004 ГОДИНА ПРЕДВИДЕНО Е ДА СЕ ЗАПИШАТ 295 УЧЕНИЦИ

WEB Телевизија во живо

Врз основа на член 42 од Законот за средно образование, Законот за стручно образование и обука и Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година во РСМ, Училишната комисија за запишување ученици на СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија распиша ОГЛАС за запишување на редовни ученици во I (прва) година во учебната 2023/2024 година
 
Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2023/2024 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование и стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење).
 
Во Гимназиското образование, треба да се запишат 136 ученика и за тоа предвидени се 3 паралелки со 102 ученика, и една билингвална паралелка, македонска-англиска со 34 ученика.
 
Во стручното образование предвидено е да се запишат 159 ученика и тоа:
– во секторот Економија, право и трговија, економски техничар, бизнис администратор, 1 паралелка со 25 ученика.
– во секторот Угостителство и туризам, хотелсско туристички техничар 1 паралелка со 25 ученика и за готвач,келнер, 1 паралелка со 25 ученика.
– во секторот Машинство, машински техничар, 1 паралелка со 25 ученика и автомеханичар, 1 паралелка со 34 ученика.
 
– во секторот Здравство и социјална заштита, физиотерапевтски техничар и гинеколошко-акушерска сестра, 1 паралелка со 25 ученика.
 
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни.Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://euslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk
 
Прво пријавување и запишување:
• 20 јуни 2023 г. до 24:00 часот и
• 21 јуни 2023 г. до 15:00 часот.
 
Второ пријавување и запишување
• 27 јуни 2023 г. до 24:00 часот и
• 28 јуни 2023 г. до 15:00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *