ВО ГЕВГЕЛИЈА ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПУЛМОНАЛНАТА ХИПЕРТЕНЗИЈА

WEB Телевизија во живо

Денеска, 6- ти Мај(сабота), 2023 година, на Градското шеталиште се одбележа Светскиот ден на Пулмоналната Хипертензија во Гевгелија, родното место на Ѓургица Ќаева, која пред 10 години го формираше и беше претседател на Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија Момент Плус Гевгелија.
 
Токму „Момент плус“ и Ратко Ќаев беа и организатори на целата културно уметничка и спортска програма. Пред гевгеличани настапија „Фониа“, Наталија Данаилова, Марија, Крџе, Моки, Мартин Костадинов, Филип Ангов, Душко Лазаров, Ансамбл „Бојмија“, како и Танцовото студио „Мистик Денс“.
 
Исто така беше организирано и почесно трчање од 5 километри во чест на Ѓургица и сите останати пациенти кои ја загубија борбата со ПХ.
Настанот беше поддржан од PHA Europe, M-PRO Sound Production, АК 7ми Ноември, Општина Гевгелија, МВР Гевгелија, Општа Болница Гевгелија и ЈП Комуналец Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *