Почнувајќи од шеесеттите години на 19 век, во Гевгелиско почнале да се појавуваат различни национални, туѓи пропаганди, претежно од соседните земји. По изградбата на железничката линија, во Гевгелија се појавил прогрчки граѓански слој кој почнал да ги праќа своите деца да учат во грчки училишта.
Се до Балканските војни во црквата „Вознесение христово(Свети Спас), богослужбата се изведувала на грчки јазик. Уште од 1871 година почнало и дејствувањето на бугарската пропаганда, а во 1894 година била изградена црквата „Свети Кирил и Методиј“м во која се служело на црковнословенски јазик, а во северниот дел на „Свети Спас“ биле изградени бугарски гробишта.
А, во деведесеттите години на 19 век, српската пропаганда, преку конзулот Љотиќ, кој служел во Солун, успеала да се пробие и во Јужна Македонија.
Секоја пропаганда, покрај црквата отворала и свои таканаречени народни училишта и примала деца на издржување и воспитување, без оглед на која црква припаѓаат нивните родители. Школите биле пропагандни, ги имало секаде, а многу малку од нив биле квалитетни.
Не биле ретки случаите од една иста куќа едно дете да оди во српско, друго во бугарско училиште, трето во грчко, а по завршувањето да стануваат чиновници и поборници на српството, бугаризмот или грцизмот“, пишува Светозар Томиќ, инспектор во Министерството за просвета и црковни работи на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците во книгата насловена како „Македонија и Македонците“, печатена во 1918 година во Државната кралска печатница во Белград.
Според Светозар Томиќ, христијанството кај македонските Словени е многу постаро од христијанството кај Бугарите. Токму затоа Кирил и Методиј, по враќањето од Моравија, не одат во Бугарија туку во средниот и западниот дел на Балканскиот полуостров, меѓу чистите Словени. Државниот јазик на Бугарската држава во тоа време бил сосема туѓ за словенските проповедници.
Бугарскиот двор, владата и болјарите секогаш чувствувале дека Македонците не се нивен народ и токму поради тоа никогаш својот државен центар не го поместувале кон Македонија.
За разлика од Бугарија, Македонците, вели Томиќ, постојано се бунтувале, воделе борби со Турците, го зборувале својот јазик.
На оваа бугаризација на Македонија за која зборуваат Томиќ и Марковиќ, ни Србите не стоеле со скрстени раце. Од деведесетите години на деветнаесетиот век и тие почнуваат нагло да отвораат свои училишта секаде каде што власта допуштала. Плашејќи се од српски успех на теренот, Бугарите основаат одбори за сузбување на српската пропаганда.
Тогаш почнуваат првите убиства на Македонците меѓу себе, затоа што едни следат настава во бугарски а други во српска училипте, односно затоа што одат во српска, или патријашиска, а не во бугарска, егзархиска црква. Така во тие неколку години се убиени Петре Ташев, претседател на српската црковна училиште во Башино село, потоа Ѓорѓе Патриотот од Гевгелија, прота Ташко од Куманово, поп Кочо Минов од Кожле, поп Марко од Кочани, учителот Нешо Георгиевиќ од Чучер