ТРИДНЕВНО ЧЕСТВУВАЊЕ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СПАСОВДЕН

WEB Телевизија во живо

По повод одбележувањето на Патрониот празник на Општина Гевгелија, христијанскиот празник Вознесение Христово- Спасовден, Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, под покровителство на Општина Гевгелија, организира богата тридневна културна програма.

Чествувањето на Спасовден ќе започне на 24 мај 2023 година (среда) со традиционалната манифестација „Распеана чаршија“, којашто ќе се одржи на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот.

Наредниот ден (четврток, 25 мај 2023 година), во Народниот театар- Гевгелија, ќе гостува Скопје танцов театар- Интерарт културен центар со претставата „Табу Република“, во кореографија и режија на Бобан Русевски.
 
Спасовденската културна програма ќе биде затворена на 26 мај 2023 година (петок), со одржувањето на Изложбата на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот и Промоција на книгите „Со зрно сол и парче локум“ и „Кога татковината станува чедо, а вистината борба“ од авторот, професор д-р Васил Шутаров, во хотел „Аполонија“- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *