СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ОДРЖИ СЕДНИЦА НА 30 МАЈ

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија, на 30 мај 2023 година, ќе ја одржи 27. седница, на која ќе расправа по предлог- измените и дополнувањата на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија и по одлуки за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализација на проекти. 

Исто така, на седницата ќе се расправа и по предлог-акти за воспоставување меѓуопштинска соработка, како и по акти од областа на социјалната заштита, урбанистичкото планирање, Годишните планови за вработување во Општина Гевгелија и општинските училишта и финансиското работење на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. 

На 27. седница, која ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот, освен тоа, ќе се расправа и по Информациите на ЈПКД „Комуналец“ за состојбата со кучињата скитници, и за состојбата со снабдување со вода за пиење во населените места во општина Гевгелија, како и по Информацијата од ЈУМЦСР-Гевгелија за состојбата со употреба на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општината.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *