СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА „ФЕДЕРАЦИЈА НА УГОСТИТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКИ УЧИЛИШТА-ФУТУР

WEB Телевизија во живо

На меѓународната конференција за соработка со средните угостителско – туристички училишта што се одржа на 22-23.05.2023 година во СУГС „Лазар Танев“ во Скопје под мотото „Заедно сме поуспешни“, основана е „Федерација на угостителско туристички училишта“ – ФУТУР . СОУ„Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија како еден од основачите на федерацијата на угостителско- туристички училишта беше претставувано од директорката Марија Танева и професорот Бранко Бизоев од сектор Угостителство и туризам.
 
На конференцијата се разменија искуства, добри практики од образовниот процес и практичната настава, се договорија и идните активности за меѓусебна соработка меѓу учесниците, кои ги претставија активностите на своите училишта. Се утврди Статутот на федерацијата како и Управниот и Надзорниот одбор.
 
Во федерацијата се приклучија претставници од средни училишта од државите: Македонија, Србија, Хрватска, Романија, Турција, Грција, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Кипар, Франција Албанија и Бугарија. На верификацијата на Федерацијата покрај од училиштата имаше претставници и од Град Скопје градоначалничката Данела Арсовска, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитет за туризам и менаџмент Скопје, Дипломатски претставништва, стопански комори и бизнис заедницата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *