СЕ ОДРЖА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „СОЗДАВАЊЕ ЕВРОПСКА ОПШТИНА-ПОЛИТИКА НА ИНТЕГРАЦИЈА ЗА НУЛТА КОРУПЦИЈА“

WEB Телевизија во живо

Денес со обука за општинската администрација, претставници од повеќе институции, претставници од невладиниот сектор, граѓански здруженија и граѓани.Од Општина Гевгелија, Фондацијата Конрад Аденауер ја заокружи втората фаза од проектот „Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција“.
 
Присутните, најнапред, со воведни излагања околу проектот, беа поздравиени од Даниел Браун, официјалниот претставник на Фондацијата Аденауер, Андон Сарамандов, градоначалник на Општина Гевгелија и Александар Спасеновски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“
Во своето излагање Сарамандов истакна дека со добивањето на мандатот за извршување на функцијата Градоначалник на Општина Гевгелија за периодот 2021-2025 год. се соочил со многу предизвици при извршување на секојдневните обврски.
 
Во таквите услови за работа беше потребно да се носат брзи и ефикасни одлуки на дневна основа, но и да се креираат акти коишто ја одредуваат иднината на Општина Гевгелија на краток, среден и долг период. Од таа причина се наметна потребата за креирање на овој документ, кој денеска го презентиравме, а има за цел да придонесе во секојдневното функционирање на системот во локалната самоуправа.
 
Потоа, експертите од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Александар Спасеновски и Константин Битраков ги претставија резултатите и препораките кои произлегоа од изготвените Студија и Прирачник за интегритет на Општина Гевгелија.
Двата документи може да се преземат од следниот линк
 
Советникот во Град Скопје Стефан Андоновски имаше свое излагања за улогата на Советите во градењето на општини со интегритет.
Транспарентноста и интегритетот не се еднаш засекогаш зададени категории. Тие се обврски кои имаат траен карактер и кон нив треба постојано и со одговорност да се пристапува, а овој проект е чекор во таа насока.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *