ПО ТРИ ГОДИНИ СЗО ПРОГЛАСИ КРАЈ НА КОВИД 19 ПАНДЕМИЈАТА

WEB Телевизија во живо

Ширењето на Ковид-19 повеќе не е глобална итна здравствена состојба, објави денеска Светската здравствена организација .
„Повеќе од една година, пандемијата е во надолен тренд со зголемување на имунитетот на населението од вакцинација и инфекција, намалување на смртноста и намалување на притисокот врз здравствените системи“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција во Женева.
 
„Овој тренд им овозможи на повеќето земји да се вратат во животот како што го знаевме пред Ковид-19“, рече Тедрос. „Затоа, со голема надеж прогласуваме крај на пандемијата со Ковид-19 “.
Речиси 7 милиони луѓе умреле од вирусот ширум светот откако СЗО првпат прогласи вонредна состојба на 30 јануари 2020 година, според официјалните податоци на организацијата на ОН. Тедрос рече дека вистинската бројка на починати е најмалку 20 милиони.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *