ПО ТРЕТПАТ, ВО ГЕВГЕЛИЈАА РЕАЛИЗИРАНА ЕКО АКЦИЈАТА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023“

WEB Телевизија во живо

Општина Гевгелија по третпат ја реализаше еко-акцијата „Генералка викенд“, во организација на Man and Mountain, заедно со Пивара Скопје и Пакомак во партнерство со Шпаркасе Банка и Нула Отпад, а со поддршка на Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство. Оваа акција веќе неколку години се организира на територија на цела држава, во 52 општини.
Локацијата, каде се изведе еко-акцијата беше Старата касарна во Гевгелија, во близина на спортските терени.
 
Во денешната акција учествуваа повеќе граѓански здруженија, ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија, како и граѓани и претставници на институции. Отпадот беше собран и селектиран според неговиот вид во различни кеси за отпад.
Согласно договорот со здружението ,,Man and Mountain” за секои 10 килограм собран отпад, ќе биде обезбедено по едно дрво за пошумување на нови шуми!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *