ПО ПОВОД ДЕНОТ НА МУЗЕИТЕ, МУЗЕЈ ГЕВГЕЛИЈА ГО ПОСЕТИЈА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ

WEB Телевизија во живо

Денес по повод Светскиот ден на музеите, во бесплатна посета на НУ Музеј Гевгелија и разгледување на постојаната археолошка поставка со стручно лице – кустос, беа учениците од второ одделение од ОУ Владо Кантарџиев Гевгелија.Во посета беа и ученици од СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија под менторство на Розета Картова, професор по ликовна уметност и историско и културно наследство, каде по повод 18 Мај – Светскиот ден на музеите, од страна на стручно лице – кустос им беше одржана едукативна презентација за историјатот, почетоците и дејноста на Музејот како институција како и видеопрезентација на археолошкиот локалитет Вардарски Рид.
 
Инаку, со формирањето на првата историска збирка во старата „филатура“ започнува музеологијата во Гевгелија. Во 80-те години од ХХ век, формиран е Општинскиот Музеј „ Митко Зафисовски“ раководен од археологот Владо Аврамов.
Во рамките на Музејот се формирани археолошка, етнолошка, историска и збирка од историјата на уметноста. Збирката е префрлена во Владовиот конак денешната зграда на музејот градена во 1906 година. Во 90-те години установата е преименувана во „Народен музеј“ Гевгелија.
Инаку, Меѓународниот ден на музеите се одбележува на 18 мај – датум избран на Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ во 1977 година во Москва. Целта на одбележувањето е да се обединат креативните аспирации и напори и да се насочи вниманието на јавноста во целиот свет на нивната дејност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *