ОВОЈ ВИКЕНД ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ БИДЕ ПРЕСТОЛНИНА НА ДЕТСКАТА ПЕСНА, СЕ ОДРЖУВА ФЕСТИВАЛОТ „КАЛИНКА 2023“

WEB Телевизија во живо

Еј калинке, калинке,
моме здраво лично,
како тебе овошје
нема друго слично“,
ќе одекне повторно, овој викенд, во Народниот театар, на радост на најмладите гевгеличанки и гевгеличани.
 
Гевгелија овој викенд ќе биде престолнина на детските песни, на детската смеа и на детското другарување. После десетгодишна пауза, се возобновува Интернационалниот детски фестивал „Калинка“, своевиден гевгелиски музички бренд, кој од 1992 година ја пишуваше својата музичка историја, влегуваше во секој дом во секоја градинка и во секое училиште каде што има деца, ја градеше својата безвременска улога да ги прави радосни и среќни децата. Ова ќе биде 21 издание на фестивалот кој на македонската музичка сцена изминатите години испорача над 500 детски песни кои станаа познати не само на домашната, туку и кај меѓународната публика.
 
За подготовките, фестивалските денови и за тоа што ќе се случува на фестивалот, разговаравме со уметничкиот директор на фестивалот, Александар Стојановски.
 
-Дали е се подготвено за стартот на „Калинка 2023“?
 
„Да, конечно може да речеме дека, после тримесечни подготовки, се е подготвено, оваа недела,во Народниот театар во гевгелија да започне возобновениот детски фестивал „Калинка 2023“. Од понеделникот, 29 мај, течат претставите наменети за децата од предшколска возраст и за основните училишта. Во петок, на 2, и во сабота, на 3 јуни се гала вечерите, додека во недела, на 4 јуни е финалната вечер, која постхумно ја посветуваме на Ѓорѓи Цуклевски, еден од создателите на фестивалот, кој до одржувањето на јубилејната 20 Калинка беше Уметнички Директор. Тој беше душата на Калинка и на нејзината магија –детските песнички кои сите до една му поминуваа низ главата и срцето, заедно со децата.“
 
– Колку песни ќе бидат изведени на фестивалот, колку учесници ќе има и кои композитори се застапени?
 
„ На фестивалот ќе се изведат 23 новокомпонирани детски песни, претежно од автори од југоисточното поднебје, но тука се и познатите композиторски имиња како Кристијан Габровски, Ристо Самарџиев…
Инаку во песните се пее за се она што го сочинува детскиот свет , за љубовта, другарството, детските соништа. Може да ви кажам дека , како музичар, гледајќи како самите деца си ги потпевнуваат песните од овој фестивал, очекувам, ако не сите, тогаш барем половината од нив да станат хитови.
Инаку, да кажам дека владееше голем интерес за овој фестивал, низ аудициите поминаа над 200 деца од Скопје, Радовиш, Валандово, Богданци, Гевгелија. На самиот фестивал учествуваат 120 деца, како солисти, хористи и танцово студио.
 
-Дали беше предизвик за вас да се прифатите како уметнички директор на Калинка?
 
„Секако, тоа претставуваше голем товар за мене, како и за моите соработници ако се има предвид дека изминатите години како уметнички директори работеа такви познати имиња како Томислав Таневски, Ѓорги Цуклевски, Нада Ристова, а соработници беа, Никола Јанев, Васил Пујовски, Татјана Гоговска, Владе Димовски, Драган Каранфиловски-Бојс, Огнен Неделковски, Орце Издушнов, Тони Аврамов, Владимир Дојчиновски Оливера Станковска, Костадин Динев. Но, со внесување огромна љубов и ентузијазам во нашата работа, слободно може да кажам дека фестивалот продолжува онаму каде и застана, и на него ќе има убави песни, солисти, хористи и танчери.
 
-Дали на фестивалот ќе се доделуваат награди и дали ќе може да се проследи на некоја од националните телевизии.
 
„ Нема да има награди, затоа што сметам дека секоја песна е награда за себе и за секое од 23 деца кое ќе настапи на фестивалот. Целта е, како што вели членот на организациониот одбор, Нада Ристова, децата да се дружат, да другаруваат и со песна „да го вртат светот“.
Фестивалот ќе го снима Македонската радио-телевизија, на гала вечерта на 3 јуни, и истиот ќе биде одложно емитуван на програмата на МТВ.
КАЛИНКАТА е свето овошје, вечна инспирација- симбол на плодноста и бројното потомство, симбол кој зрачи и на духовно ниво. Според една азиска легенда, кога се отвора калинката, од неа излегуваат стотина деца. Нека биде така и овој викенд во најјужниот град во Македонија, Гевгелија на 21 издание на „Калинка 2023“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *