ОТВОРЕН ПОВИК – IDEAS

Пристап до „паметно земјоделство“ со проектот „ IDEAS“

Целта е да се идентификуваат, поддржат и започнат нови бизниси во земјоделско-прехранбениот сектор кои имаат потенцијал за иновации.

20 земјоделци (сегашни и идни) ќе се стекнат со знаење од областа на паметно земјоделство, кое ќе им овозможи да ја спроведат својата бизнис идеја.

Конкретно, преку проектот IDEAS „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“, на заинтересираните со посебен осврт на младите ќе им се овозможи да основаат свои одржливи земјоделско-прехранбени бизниси, со употреба на нови и иновативни технологии, да произведуваат квалитетна и безбедна  храна, по пониски трошоци и поголема продуктивност.

Проектот „IDEAS“ е  дел од   ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка “Грција –Северна Македонија, за програмскиот период 2014 – 2020” и е финансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички, а го спроведува Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Американското земјоделско училиште – Колеџ Перотис од Солун, Грција и Мрежата за рурален развој на РСМ од Скопје.

За учество во проектот, заинтересираните можат да ги достават своите апликации онлајн до 18 Јуни 2023 со пополнување на формуларот за учество достапен овде.

Поддршката ќе опфаќа и обуки кои ќе започнат по завршувањето на пријавувањето за што ќе следат дополнителни информации.

Развојот на секторот во горенаведените области позитивно ќе се одрази врз локалната економија, со зголемувањето на вработеноста и со создавање на нови земјоделско-прехранбени бизниси од младите кои сакаат да влезат во овој сектор.  

Паметното земјоделство е концепт на управување фокусиран на користење на напредна технологија во земјоделското производство, која вклучува големи бази на податоци и информатичка технологија за следење, автоматизирање и анализа на операциите.

Гевгелија 29.05 11h – Аполониа Хотел
Богданци 30.05 10.30h СОУ Богданци
Валандово 30.05 13h СОУ Гоце Делчев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *