МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ДОДЕЛУВА 10 СТИПЕНДИИ ЗА МАТУРАНТИ ОД ОПШТИНА ДОЈРАН

WEB Телевизија во живо

Со обраќање на Градоначалникот на Општина Дојран, денес, понеделник, 29 мај, во 12 часот, во хотелот Романтик ќе биде организиран настан од страна на Општина Дојран и Меѓународниот Балкански универзитет Скопје. Ќе бидат презентирани условите и начините за добивање на 10 стипендии за матуранти од Општина Дојран. 

Исто така, за прв пат од своето постоење, Општина Дојран ќе додели стипендии за талентирани студенти. Студенти од Меѓународниот Балкански универзитет изминатиот период работеа на реален проект, изработка на идејни решениија за реконструкција на стар објект во општина Дојран, па на настанот ќе бидат презентирани тие решенија.

Меѓународниот Балкански универзитет е основан во 2006 г. од страна на Фондацијата за образование и култура „СКОПЈЕ“. Tој е основан, како единствен и непрофитабилен универзитет во Република Македонија. Наоѓајќи се во срцето на Балканот, МБУ е место за средба на студентите од целиот регион, вклучувајќи ја и Турција. 

Ова го прави МБУ мултинационална, мултирелигиозна и мултикултурна институција. Ако го додадеме фактот дека МБУ е средина во која се комуницира, се предава и се учи на англиски јазик, тогаш можеме да дојдеме до заклучок дека епитетот „меѓународен“ најдобро се вклопува во нашиот универзитет.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *