„МАКЕДОНСКА РАПСОДИЈА“, КОНЦЕРТ НА ТРИОТО „GENTLEMEN“

WEB Телевизија во живо

Утре, сабота, 13 мај 2023 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот, Триото „Џентлмен“ ќе го одржи својот концерт „Македонска рапсодија“.Трио Џентлмен е музички состав од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев- тенор, Кристијан Антовски- баритон и Јане Дунимаглоски- тенор кои имаат посебна специфика во нивната изведба како модерна уметничко-сценска атракција. Трио „Џентлмен“ има настапувано низ целата земја со свои целовечерни концерт, тие се дел и од големи манифестации во нашата држава, како и надвор од неа. Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто не видено на нашите простори. Тие се различни и по тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук интрепетиран од тројца оперски пејачи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *