КОЈА БИЛА ФЛОРЕНС НАЈТИНГЕЛ, „ЖЕНАТА СО ЛАМБА“, ЧИЈ ДЕН НА РАЃАЊЕ, 12 МАЈ Е МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ

WEB Телевизија во живо

Таа, во суштина, е мајка на медицинските сестри. Таа е вистински зачетник на хуманоста. Од времето на Флоренс Најтингел, меѓу другото, медицинските сестри носат бели униформи. Флоренс Најтингел е жена на која, во нејзината младост, и се јавил лично Господ Бог и лично и рекол дека треба да им помага на луѓето. Флоренс Најтингел е жена која, доживеала длабока старост.

Таа уште се нарекува и „жената со ламбата“поради нејзината навика ноќе да ги проверува ранетите војници.Родена е на 12 мај 1820 година во Фиренца, Италија. Во својата работа како предводник на денешната професија медицинска сестра се истакнала за време на Кримската војна каде што се грижела за ранетите војници. Поради неа оваа професија доби висок углед и Најтингел стана икона во викторијанското општество. Била нарекувана „Госпоѓата со ламбата“, поради нејзината навика ноќе да ги проверува ранетите војници.

Најтингел ја поставила основата на денешната професија медицинска сестра со основањето на нејзиното училиште за медицински сестри во болницата Сент Томас во Лондон, првото световно училиште за медицински сестри во светот. Заклетвата на Најтингел, наречена така во нејзина чест, ја положувале новите медицински сестри. . Нејзините социјални реформи вклучуваат подобрување на здравството за сите делови од британското општество, помагање на земјите од вториот и третиот свет, како и проширување на прифатливите форми на учество на жените во работната сила.
 
Најтингел била познат писател. Во текот на нејзиниот живот, многу од нејзините објавени дела се занимавале со ширење на медицинското знаење. Некои од нејзините дела се напишани на едноставен англиски јазик со цел сите да можат да ги разберат. Таа исто така помогна во промовирањето на графичкото претставување на статистички податоци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *