31 МАЈ, СВЕТСКИ ДЕН БЕЗ ПУШЕЊЕ!

WEB Телевизија во живо

ВО МАКЕДОНИЈА ПУШИ И СТАРО И МЛАДО, РЕГИСТРИРАНИ СЕ 700.000 ПУШАЧИ, ОД КОИ 12% ДЕВОЈЧИЊА И 19% МОМЧИЊА!
 
Светскиот ден за борба против пушење се одбележува уште од 1987 година. Статистичките податоци покажуваат дека една испушена цигара го скратува животот за 12 минути. Според податоците од СЗО во светот пушат 1,1 милијарда луѓе од кои 200 милиони се жени. 6 милиони луѓе годишно умираат од пушење,меѓу нив 600 000 пасивни пушачи. 
 
Во Р.Македонија се регистрираат близу 700 000 пушачи, трошејќи годишно 11 тони цигари или 5, 5 килограми тутун по глава на жител. Негативното влијание на цигарите и димот од цигарите е директно поврзано со многу сериозни заболувања. Негативните ефекти по здравјето се должат на околу 2500 токсини содржани во тутунот и на околу 4000 супстанци содржани во димот на цигарите. Најмалку 250 од овие хемикалии се токсични,а повеќе од 60 од нив се познати како канцерогени.
 
Преку 40 милиони млади во светот на возраст од 13 до 15 години користат тутун. Речиси девет од 10 пушачи почнуваат да пушат пред да наполнат 18 години. Секоја година тутунската индустрија инвестира повеќе од девет милијарди долари за рекламирање на своите производи. Младите луѓе сè повеќе стануваат нејзина и мета на никотинските и тутунските производи.
 
Во Македонија, преваленцата на сегашни пушачи на цигари, односно адолесценти кои се изјасниле дека пушеле цигари во последните 30 дена, кај 15-годишните адолесценти изнесува 12 отсто за девојчињата и 19 проценти за момчињата

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *