13 АТЛЕТИЧАРИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ЗЕДОА УЧЕСТВО НА „ТРКАТА НА ПОЕЗИЈАТА“ ВО СТРУГА

WEB Телевизија во живо

Успешно заврши третото издание на „Трка на поезијата“ во Струга. Учество зедоа околу 900 тркачи од 11 земји во категориите од 5 и од 10 километри. Додека вчера на детската трка, наречена „Боград детска трка“, која беше посветена на децата со ретки болести се натпреваруваа 300 дечиња во пет категории.
 
Тринаесет членови на АК 7-ми Ноември“, се појавија на стартот на оваа интересна трка.
Александра Крајчева, Виолета Куцирова, Марина Прошева, Ристо Чалков и Васко Проданов настапија на 5 км, додека Гордана Анастасова, Валентина Узунова, Мики Петровски, Зоран Иванов, Никола Ковачев, Драган Ристов, Димче Андреев и Живко Петков трчаа на 10 км.
Ристо Чалков во трката на 5 километри, во конкуренција на 253 тркачи, го освои одличното 4 место.
 
Балканскиот шампион во полумаратон Дарио Ивановски, повторно е победник на 10 километарската трка, додека во женска конкуренција 10-те километри прва ги истрча Адријана Поп Арсова.
На пет километарската трка најбрз од мажите беше Никола Павлов, а во женска конкуренција Николина Милевска. Второто место им припадна на Дамјан Малиновски и Тамара Попов, а трети беа Григоријан Никовски и Анастасија Ристова.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *