УЧЕНИЦИ ОД СЕКТОРОТ МАШИНСТВО ПРИ СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“- ГЕВГЕЛИЈА ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС ПРЕСТОЈУВААТ ВО ЕСЕН, РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА

WEB Телевизија во живо

Покрај успешните реализирани проекти од секторот Угостителство и туризам и секторот Економија, право и трговија, за прв пат во Еразмус+ проектите се вклучи и секторот Машинство при СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија со вкупно 14 ученици и 2 наставника од квалификацијата машински техничар за моторни возила. Мобилноста се изведува во Република Германија во периодот од 18 април до 2 мај 2023 година.

Како што не информираше професорот Борче Нечевски, тие престојуваат во градот Есен, каде ги посетуваат тамошните сервиси за моторни возила.
Преку Еразмус проектите, учениците ќе се стекнат со нови знаења, вештини и искуства и ќе се запознаат со технолошките процеси на некои од светски познатите компании што им овозможува огромна предност во процесот на вклучување на пазарот на труд. 

Од друга страна пак, професорите разменуваат искуства за наставните програми во средното стручно образование и преку здобиената обука ги применуваат новите наставни техники и методи за работа во нашиот образовен систем.
Младинската мобилност е неопходна за развој на претприемнички компетенции и зајакнување на учење засновано на пракса меѓу учениците, а севкупната меѓународна соработка и размена на знаење е особено важна за градење на капацитетите кај наставниот кадар.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *