СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 70 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“

WEB Телевизија во живо

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија оваа година го одбележува своето 70-годишно постоење. По тој повод, изминатите денови се одржаа низа свечености организирани од наставниот кадар и учениците.
 
Дел од наставниците го организираа квизот „Кој знае знае, кој не ќе научи“. Квизот своето финале го имаше вчера, на 27 април во Угостителската сала на училиштето. Веднаш по квизот се одржа и Свечената академија на која учествуваа ученици со рецитации и музички точки подготвени од наставниците по македонски јазик и литература и музичка уметност.
 
Присутните гости на Свечената академија, меѓу кои беа и Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, советници од гевгелискиот Совет, професори, , ученици, родители и граѓани ги поздрави директорката Марија Танева. Меѓу другото таа истакна:
 
„ СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија е пример за успешно училиште кое гордо стои чекор напред во иновативниот воспитно- образовен процес, училиште во кое за време од 70 години образование многу ученици успеале да ги постигнат своите цели, да стекнат знаења, вештини и вредности и така подготвени да се вклучат во општеството и да го збогатат со своите таленти и способности.
 
Стручната подготовка која ја добиваат во средното образование, искуствата кои ги стекнуваат преку учества во наставни и воннаставни активности, им овозможува полесен пристап на пазарат на трудот, кој препознава квалитет и знаење, а бара исполнување на соодветни практики.
 
Оспособувањето на учениците во соодветните области кои тие ги избрале го детерминра нивниот пат до создавање на успешни кариери. За тоа сведочат многубројните успеси на нашите ученици. Ова покажува дека Училиштето 70 години има значаен придонес во развојот на заедницата и нацијата во целост.
 
Секако наставниот кадар во СОУ„Јосиф Јосифовски“ има клучна улога во образованието, бидејќи нашите наставниците не само што им пренесуваат знаења на своите ученици, туку и ги инспирираат, мотивираат и поддржуваат учениците во нивните напори за учење и развој, а преку различните активности и проекти ги поттикнуваат да развијат критичко мислење, креативност, одговорност, дисциплина и тимски дух.
 
Се гордееме со нашите достигнувања, но во исто време се обидуваме и да пронајдеме начини за уште повеќе мотивација, уште посилна желба и поддршка да се постигне уште повеќе и да се стигне уште „подалеку“.
Нека ни е честит патрониот празник на Училиштето , нека не’ радуваат нови предизвици, успеси и достигнувања. “

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *